Одбор за соработка и доверба со јавноста

    Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент е формиран со цел да даде професионална и апликативна поддршка во работата на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. 

    Ова советодавно тело е составено од професионалци од бизнис заедницата и претставници на власта кои поседуваат искуство и знаење од областа на маркетингот. Нивната експертиза заедно со залагањата на наставниот кадар придонесуваат да се зголемат компетенциите на студентите и можноста тие ефективно и ефикасно да ги применуваат маркетинг активностите и промотивните стратегии на пазарот, кои ќе им овозможат да се диференцираат од останатите и да остварат конкурентска предност. Претседател на одборот е искусниот професионалец Зоран Росоманов сопственик на маркетинг агенцијата “Бато&Дивајн”. Членовите на одборот постојано даваат идеи и предлози во насока на подобрување на работата на Факултетот и неговите промотивни активности. На состаноците со одборот за соработка и доверба со јавноста учествува и наставниот кадар на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент каде се водат дискусии за современите трендови во областа на маркетингот и нивна имплементација во промотивните активности на факултетот. 

    Од состаноците на одборот за соработка и доверба со јавноста се развиваат разновидни истражувачки иницијативи.

    Преку одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент нашите очекувања се да го прилагодиме образованието од областа на маркетингот на потребите на компаниите. Факултетот има постојана комуникација со бизнис заедницата, а како резултат на тоа се јакнат практичните способности на студентите во работната средина.

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај