Проф. д-р Далиборка Блажеска
Декан на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент
Маркетингот е основа на секоја успешна компанија. На Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, студентите ќе се запознаат со начинот на управување со елементите на маркетингот, изработката на маркетинг стратегии, промотивни кампањи и начините за остварување на конкурентска предност. Во денешно време на секоја компанија без оглед на нејзината дејност и се потребни маркетинг професионалци. Студентите на ФМММ ќе бидат специјализирани за области чие обележје е динамичност и креативност, која бара мотивирани, иновативни, и проактивни идни маркетинг професионалци. По дипломирањето студентите може да работат како менаџери за истражување на пазарот, бренд менаџери, менаџери за продажба, менаџери за односи со јавноста.