Концепциските цели на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент се во насока на продуцирање на кадри за обавување на најсложените маркетиншки активности, во приватните претпријатија или државните непрофитни институции, стекнување на знаење и вештини од областа на комуникологијата и односите со јавност, а насочена е и кон понатамошно профилирање на кадар во областа на високиот менаџмент.
Визија
Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент продуцира маркетинг менаџери, кои спаѓаат во редот на најдобро платени професионалци во земјата и пошироко, пред се заради потребата од оваа професија, во широката лепеза на компании.
Со стекнување на знаења, вештини и компетенции, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, нуди дипломиран кадар согласно барањата на пазарите, односно дипломирани професионалци, кои умеат да креираат и да ги менаџираат стратегиите на промоција и продажба на стоки и услуги кои се применуваат во светот. Студентите на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, се професионалци, кои нудат добар маркетинг, кој во секој момент ќе ги намали ризиците од загрозување на компаниите. Визијата на факултетот е и продуцирање на високообразовен кадар од областа на маркетинг менаџментот, кој треба да обезбеди довербата кај купувачите, односно нивно трајно освојување.
Вештините кои студентите ги развиваат на овој Факултет се: креативност, тимска работа, презентациски вештини, истражување и анализирање на проблеми од подрачјето на маркетингот. Преку соодветни предмети на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент студентите ги учат алтките и моделите за решавање на настанатите проблеми. Студентите можат да аплицираат за најпрестижни работни места во приватниот и јавниот сектор како компетентни стручњаци за: Истражување на пазарот, Маркетинг стратегии, Дигитален маркетинг, Управување со брендовите, Развој на производите, Менаџирање на настани, Дистрибуцијата и Промоцијата.
Мисија
Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент продуцира високообразовни профили од сферата на маркетинг менаџментот, преку континуирано вклучување на факултетот во проекти (домашни и меѓународни), кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на знаењата и вештините на студентите, како и во проекти преку кои студентите ги експонираат индивидуалните способности, таленти и сл.
Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент организира редовни посети на меѓународни саеми, каде студентите се запознаваат со начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите, настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетители и организирање на промотивни активности.