Магистерски студии
Меѓународен маркетинг менаџмент
Приоритетна цел на студиската програма по Меѓународен маркетинг менаџмент на Економскиот факултет на втор циклус студии е да обезбеди напредно образование, специјализирани знаења и практични компетенции кои ќе ги подготват магистрите после завршување на вториот циклус за раководни позиции од областа на меѓународниот маркетинг и менаџмент, и кои ќе бидат способни да одговорат на предизвиците на глобалниот пазар. Програмата има за задача да ги развие аналитичките, стратешките и лидерските способности на магистрите, овозможувајќи им ефективно управување со маркетинг активностите во мултикултурна и динамична деловна средина.
Приоритетна задача на студиската програма по Меѓународен маркетинг менаџмент е да обезбеди современо и интердисциплинарно образование кое ги интегрира теоријата и практиката во областа на меѓународниот маркетинг и менаџмент. Преку развој на критичко размислување, истражувачки капацитети и лидерски вештини, магистрите се подготвуваат да можат да создаваат и спроведуваат ефикасни маркетинг стратегии во комплексни и динамични глобални услови.
Вториот циклус студии по Меѓународен маркетинг менаџмент нуди високо специјализирано образование кое ги подготвува магистрите за решавање на комплексни маркетинг предизвици, за креирање и имплементација на современи маркетинг стратегии, превземање на промотивни активности на компаниите за зголемување на препознатливоста на пазарот и учество во процесите на раководење и управување со институции во земјата и во странство.
Современата економија се карактеризира со брзи промени, глобализација и зголемена конкуренција, што ја зголемува потребата од високообразовани кадри со специјализирани компетенции во областа на меѓународниот маркетинг и менаџмент. Во услови на дигитална трансформација и мултикултурна комуникација, компаниите и организациите бараат професионалци кои не само што ја разбираат теоријата, туку и можат истата да ја применуваат во комплексни меѓународни средини.
СТУДИСКА ПРОГРАМА: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ - втор циклус едногодишни студии (60 ЕКТС)
ЗВАЊЕ: МАГИСТЕР ПО ЕКОНОМИЈА, НАСОКА: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ
|
Реден број |
Код на предметот |
Назив на наставен предмет |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
|
П |
В |
|||||
|
ПРВА ГОДИНА |
||||||
|
1. |
O511 |
Методологија на научно -истражувачка работа |
Прв |
3 |
2 |
8 |
|
2. |
MM511 |
Стратегиски маркетинг |
Прв |
2 |
2 |
7 |
|
3. |
MM512 |
Интегрирани маркетинг комуникации |
Прв |
2 |
2 |
5 |
|
4. |
Изборен предмет од Табела 7.2 |
Прв |
2 |
1 |
5 |
|
|
5. |
Изборен предмет од Табела 7.2 |
Прв |
2 |
1 |
5 |
|
|
6. |
Магистерски труд |
Втор |
30 |
|||
|
Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година |
60 |
|||||
Табела 4.2
|
Ред. Бр. |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
Од која единица |
|
|
Предавања |
Вежби |
||||||
|
1. |
HR515 |
Деловно лидерство |
Прв |
2 |
2 |
5 |
Факултет за менаџмент на човечки ресурси |
|
2. |
MM513 |
Менаџмент на продажба |
Прв |
2 |
2 |
5 |
Економски факултет |
|
3. |
HR514 |
Современ менаџмент |
Втор |
2 |
2 |
5 |
Факултет за менаџмент на човечки ресурси |
|
4. |
Т514 |
Маркетинг во туризмот и хотелската индустрија |
Втор |
2 |
2 |
5 |
Економски факултет |
|
Вкупно: |
30 |
||||||

