НАЈДОБРИОТ СТУДЕНТ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ОД УТМС СЕ ВКЛУЧИ ВО НАПРЕДНА МБА ПРОГРАМА НА ПРЕСТИЖНИОТ MAASTRICHT SCHOOL OF MANAGEMENT ВО ХОЛАНДИЈА

    Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје за најдобрите студенти обезбеди можности за глобален професионален и академски развој. Извонредната меѓународна соработка и приоритетната фокусираност на наградување и поттикнување на можноста за меѓународна компетитивна етаблираност, УТМС на најдобрите студенти им овозможи вклучување во еднонеделна МВА едукативна програма на тема: „Лидерство и организациско однесување” на престижниот Maastricht School of Management во Холандија.

    Програмата која е наменета за врвни студенти од целиот свет, Maastricht School of Management, се реализира од 12-ти до 16-ти Јуни, 2017 година.

    Од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент како најдобар студент кој е дел од оваа програма на престижниот MAASTRICHT SCHOOL OF MANAGEMENT во Холандија е студентот Роберто Миленков, редовен студент на втор циклус на студии.

    Покрај предавањата од врвни професори од универзитетот, студентите ќе имаат можност за посета на глобални и водечки компании во Холандија.

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај