Еразмус методологија

    На Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје просечниот број на кредити е 30 кредити по семестар (5 предмети во секој семестар – секој носи 6 ЕКТС). Согласно методологија ЕКТС поените се базираат 48% на знаење (3 среднорочни испити максимум 16% секој), 22% на вештини и способности (посетеност 2%, активност 4%, семинарска работа и презентација 10% и есеј 6%) и 30% од завршниот испит. Кредит трансферот од други високообразовни институции започнува со доставување официјално Барање за признавање на ЕКТС до УТМС Канцеларијата за правни работи со прикачен Препис со освоени кредити. Ова барање мора да биде одобрено од страна на деканот на факултетот каде што студентот се префрла. Професорите ја анализираат предметната програма и доколку е потребно може да предложат активности и предмети за добивање на дополнителни кредити на УТМС или пак може да бидат ддоделени 6 ЕКТС без дополнителни активности. Понатака, Правната канцеларија на УТМС издава решение за признавање и го доставува до Управата за студентски евиденции која сите досиеја на студенти ги архивира.

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај