Меѓународна соработка

    За Универзитетот за Туризам и Менаџмент Скопје од особено значење е соработката, со домашни и странски високообразовни институции. Институцијата е свесна дека квалитетот во високото образование наложува соработка како во рамките на институцијата така и со други институции. Универзитет за туризам и менаџмент својата меѓународна соработка и поврзување ја базира на следниве принципи:

    - Постигнувањето совршеност во бизнис едукацијата бара соработка во рамките на институцијата и со други институции
    - Јасните односи треба да ги промовираат интересите за трансфер на студенти и академски кадар,

    Ова се основните принципи на кои се темели политиката на УТМС за меѓународна соработка. УТМС вложува напори за промоција на меѓународното и меѓукултурното разбирање преку академски контакти и размена. УТМС високо ја вреднува интернационализионата компонента на модерното високо образование, што се огледа и во воспоставената политика за меѓународна соработка. Дополнително ова се и принципи на воспоставувањето на билатералните односи со други институции.

    УТМС верува дека односите помеѓу високообразовните институции треба да бидат кооперативни и синергиски. УТМС соработува со други високообразовни институции во следните области:

    - Размена на студенти, наставници и предавачи;
    - Академиска соработката и размената на академски кадар;
    - Развој на наставната програма;
    - Размена на информации и искуства;
    - Размена на визитинг професори со предавања на актуелни прашања на претприемништвото, малите и средни претпријатија и главните трендови и резултатите на глобализацијата;
    - Уредување на корисни и не се скапи меѓународни работилници, семинари или конференции за избраните истражувачки проекти со учество на засегнатите страни и учесници од трети слични образовни институции, ако вакви настани се организираат од страна на договорните страни;
    - Размена на публикации и книги
    - Вклучување локални / регионални компании во обука и во процесот на промоција на образованието;
    - Организирање на студии со двојна диплома.

    УТМС поттикнува односи на соработка преку Еразмус програми со странски образовни институции на начин кој ја промовира мисијата на институцијата. УТМС утврдува академски врски и соработка во наставата, истражувањето и други активности со високообразовните институции кои имаат слични интереси. Овие активности се реализираат преку програми и проекти во секоја академска година. Во согласност со одобрените меѓусебни програми, двете институции организираат размена на наставен кадар и студенти под прелиминарно договорени и прифатени услови. Академскиот кадар на кооперативните институции исто така соработува и во развој на заеднички истражувачки проекти, наставни програми итн. Наставниот кадар од двете институции учествува на семинари и обуки. Наставниот кадар од двете институции треба да ја промовира програмата за размена на студенти.

    Универзитетот има успешна соработка со следниве странски универзитети:

    УТМС соработува со други институции од областа на високото образование во областа на:

    - Заедничка диплома: University of Ljubljana
    - Размена на студенти, наставници и предавачи: University of Rijeka, Croatia, Faculty for Tourism and Hospitality Management in Opatija, Faculty of Natural Science (Department for Geography, Tourism and Hotel Management);
    - Академска соработка и размена на академски кадар: University of Rijeka, Croatia, Faculty for Tourism and Hospitality Management in Opatija, Faculty of Natural Science (Department for Geography, Tourism and Hotel Management);
    - Развој на студиска програма: University of Rijeka, Croatia.
    - Размена на информација и искуства;
    - Размена на визитинг професори;
    - Организирање на меѓународни работилници, семинари и конференции;
    - Размена на публикации и книги: University of Rijeka, Croatia, Faculty for Tourism and Hospitality Management in Opatija, Faculty of Natural Science (Department for Geography, Tourism and Hotel Management, Singidunum Univetsity in Belgrade);
    - Вклучување на меѓунардони компании во тренинзи и во едукативниот процес;
    - Научни проекти. 

    Раководител:
    Проф. д-р Зоран Ивановски

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај