on Недела, 26 Февруари 2017
Во рамките на традиционалната манифестација, карневалот во Струмица, кој секоја година се одржува по повод верскиот празник Прочка, Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје имаше свој брендиран штанд на кој тим од студенти, предводени од раководителот на дисперзираната канцеларија во Струмица, Ирена Андоновска, на посетителите на струмичкиот карневал, со промотивни активности им ги претстави факултетите кои функционираат во состав на УТМС, наставните програми, методологијата на студирање како и можностите и условите за студирање. Промоцијата на УТМС предизвика голем интерес, особено кај средношколците кои видно беа заинтересирани за начинот и условите на студирање.
https://fmmm.utms.edu.mk/vesti/609-promocija-na-utms-na-karnevalot-vo-strumica#sigProId18bc59acdd