На 13.03.2018 година, сопственикот на „Македонија Експорт”, г-дин Петар Лазаров, пред студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и средношколците од СУГС „Георги Димитров” одржа експертско предавањена тема: „Брендирање на локален бренд на глобален пазар-анализа на случај МАМАС”.
Во рамки на интерактивното предавање, г-дин Лазаров, презентираше информации за функционалните алатки за стратешки маркетинг комуникации за локални и глобални пазари, примената на социјалните мрежи, стратегии на бренд менаџмент и актуелни извозни политики. Предавањето беше збогатено со дегустација на вкусните производи „МАМАС” и наиде на интерес и квалитетна дискусија меѓу студентите.
https://fmmm.utms.edu.mk/vesti/624-na-utms-interaktivno-predavanje-odrzha-osnovachot-na-makedonija-eksport-i-brendot-mamas-g-din-petar-lazarov#sigProIdb820847ec4