Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје перманентно креира активности за подобрување на компетенциите на студентите, практична примена на стекнатите акадимски знаења и одржување на партнерски однос со деловната заедница. Во таа насока на 14-ти Ноември 2017 година, студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент беа активни учесници во организацијата и реализацијата на јубилејниот Радиски фестивал „МАРС” 2017. Во подготвувањето на овој мега настан студентите беа задолжени за организирање на протоколот, менаџирање на претставниците на медиумите како и подготовка на брифинг со наградените. Активното учество во процесот на креирање и менаџирање на настанот им овозможи на студентите да ги подобрат своите применливи знаења со кои ја проектираат идната конкурентската позиционираност на пазарот на трудот.
https://fmmm.utms.edu.mk/vesti/596-2017#sigProId8ebdad1516