НА УТМС ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА ГЕН. ДИРЕКТОР НА ИТД ДИСТРИБУЦИЈА, Г-ДИН АЈРИ ШЕЈ

    Универзитетот за туризам и менаџмент креира политики кои се насочени кон апликативност на стекнатите теоретски знаења, вештини и компетенции во функција на обезбедување силна академска и институционална подршка за високо ниво на компетентност. За таа цел на 09.11.2017 година во амфитеатарот на УТМС, пред вработените, студентите и средношколци од СУГС ″Здравко Цветковски″ предавање одржа генералниот директор на компанијата ИТД Дистрибуција, генерален увозник на DELL за регионот, г-дин Ајри Шеј.

    Предавањето беше на тема: Менаџмент на глобалниот бренд DELL на повеќе пазари во регионот низ призма на човечки ресурси и маркетинг. Во текот на предавањето студентите имаа можност да се стекнат со знаења за функционирањето на компанијата во регионот, како се генерирала идејата за формирање на компанијата, кои алатки се користат за одржување на високото нивото на посветеност и квалитет во работењето, кои маркетиншки алатки ги користи компанијата во промовирањето на производите. Во текот на предавањето студентите имаа можност да постават прашања кои во најголем дел беа насочени кон динстинкцијата помеѓу B2B и B2C маркетинг, компетенциите што треба да ги поседува апликантот за вработување во компанијата како и кои се алатките со кои ја одржуваат мотивираноста на вработените на високо ниво.

    Предавањето беше на извонредно експетско ниво со силни апликативни пораки за следење на глобалните бизнис трендови и поседување на енергичност, интилигенција и личен интегритет како предуслови за успех во бизнисот.

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај