Студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, заедно со студентите од останатите факултети на УТМС традиционално како и секоја година ја посетија “Халк банка”.
Во новите простории на Бизнис центарот на „Халк банка”, студентите ги поздрави генаралниот директор, г-дин Турхан Адеми, кој е член на Советот за доверба и соработка на Економскиот факултет на УТМС, директорот на Секторот за човечки ресурси, г-дин Мухамед Хаџипази и директорот на Секторот за кредитирање, г-дин Бојан Стојановски.
Предавањето пред студентите го одржа директорот на Дирекцијата за алтернативни канали на дистрибуција-Маркетинг, м-р Атила Селим, кој ја претстави организациската структура, развојот и проширувањето на активностите на банката, со посебен осврт на темата: „Дигитално банкарство”, во кое, како што беше истакнато во предавањето, најголеми достигнувања остварува „Халк банка”.
Исто така, во рамките на интерактивното предавање, во кое учествуваа студентите од УТМС, свој особен придонес и интерес предизвика и директорот на Секторот за човечки ресурси, г-дин Мухамед Хаџипази, кој ги потенцираше можностите за реализирање на практичната работа на нашите студенти, која во „Халк банка”се реализира веќе 7 години, со континуирана можност за вработување, за што сведочат и досега вработените дипломирани студенти на УТМС.
Во завршниот дел, беше разгледана и можноста за on-line поврзување на web странaтa на УТМС, со „Халк банка”.
https://fmmm.utms.edu.mk/vesti/597-studentite-od-fakultetot-za-megjunaroden-marketing-menadjment-vo-poseta-na-halk-banka#sigProId097e70416d