Факултетите на УТМС континуирано ја унапредуваат меѓународната соработка со сродни факултети од регионот и Европа. Во таа насока, деканите на факултетите имаа работна средба со ректорот на универзитетот „Папата Јован Павле II” од Полска, проф. д-р Јозеф Бергер, кој ги запозна со условите за студирање, студиските програми, методологијата на работа и идните инвестиции и стратегиски планови на нивниот Универзитет.
На средбата двете страни разменија искуства и се договорија за интензивирање на меѓусебната соработка во областа на научно-истражувачката и едукативната дејност, размена на академски и наставен кадар, заедничка организација на научни конференции како и развој на меѓународни проекти.
https://fmmm.utms.edu.mk/vesti/600-ii#sigProId689f2428e4