ДЕКАНСКИ ПОФАЛНИЦИ ЗА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ

    На Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент на УТМС, согласно утврдената програма и практика, и оваа година на најдобрите студенти за академската 2016/2017 година им беа доделени декански пофалници. Пофалниците се доделуваат во три категории: Summa Cum Laude, Magna Cum Laude и Cum Laude, врз основа на реализираниот успех во текот на годината. На одржаната свечена церемонија од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент им беа доделени декански пофалници на студентите: Елена Наковска, студент во втора година и Оливер Тодоров студент во прва година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Двајцата најдобри студенти беа наградени со деканска пофалница Magna Cum Laude.

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај