На 18 септември започна новата академска година на Универзитетот за туризам и менаџмент. Свечениот час го отвори Генералниот секретар на УТМС кој на студентите им посака топло добре дојде, и го најави обраќањето на проректорот за настава, проф. д-р Мијалче Ѓеоргиевски.
Во своето обраќање, проректорот за настава, посебно ја истакна заложбата на наставниот кадар за реализација на квалитетна настава преку која студентите ќе се стекнат со конкурентни компетенции кои ќе им овозможат активно и престижно вклучување во деловниот свет.
На новите студенти на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, деканот проф. д-р Далиборка Блажеска, им посака успех и ги додели елетронските индекси.
https://fmmm.utms.edu.mk/vesti/604-odrzhan-prv-akademski-chas-na-fakultetot-za-megjunaroden-marketing-menadjment#sigProId898eb58ebb