Во рамките на востановената пракса за избор на тела и органи на студентската организација на Универзитетот за туризам и менаџмент, на ден 21.09.2017 година беше направен избор за претседатели и претставници од студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Изборот се однесува на телата и органите на Студентската организација како и за Сенатот на Универзитетот за туризам и менаџмент. Студентите од прва година кандидираа двајца студенти за претседател на прва година, Неда Поп Андонов и Алдин Дрпљанин. Согласно спроведеното гласање најголема доверба кај студентите доби кандидатот Алдин Дрпљанин, кој беше избран за претседател на оваа генерација. Исто така студентката Неда Поп Андонов беше избрана за претставник на студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент во претседателството на Студентската организација.
Студентите од трeта година ја избраа Стефани Трајановска. Во иднина овие студенти ќе ги претставуваат студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент пред телата на Универзитетот. Изборите на претставници за студенската организација беа надгледувани од Деканот на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент Проф. д-р Далиборка Блажеска и од менторот на студентите од прва година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент Асс. м-р Ангела Миленковска.
https://fmmm.utms.edu.mk/vesti/603-studentite-od-prva-godina-na-fmmm-go-izbraa-svojot-pretsedatel-i-prestavnik-vo-studentskata-organizacija-na-utms#sigProId8b34236f0a