На 12.03.2019 година, со почеток во 17:00 часот се одржа седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На седницата се разговараше за промотивните активности кои ги реализира УТМС за упис на нови студенти. Дел од членовите на Одборот за соработка и доверба со јавноста дадоа и свои конкретни идеи во таа насока.
Заклучок од оваа средба беше продолжување на заедничката соработка за реализација на практичната работа на студентите од овој факултет во секторите на маркетинг и односи со јавноста и имплементација на нивното теоретско знаење во практиката.